Оваа година чествуваме 80 години од означувањето на почетокот на Народно – ослободителната војна.
Нашите предци, херои, визионери се изборија за слобода и се вградија во темелите на нашата татковина.
11 Октомври, е темелник на вековните определби на граѓаните во Македонија, за слобода и мир.
На 11 Октомври, пред точно 80 години, знајни и незнајни борци, со визија за слободна, независна и просперитетна Македонија, во Прилеп и Куманово, го означија почетокот на Народно-ослободителната борба во Македонија.
Денес ние, имаме обврска да ја зачуваме слободата и да ја етаблираме државата во меѓународни рамки.
Нека ни е честит и вековит 11 Октомври- Денот на народното востание, на македонскиот народ!
Ваш Градоначалник
ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ