Деновиве се изврши поставување на улично осветлување, на нов крак во Туристичката населба Беровско Езеро, со што ја прошируваме мрежата на улично осветлување.
Оваа активност се реализира во соработка со граѓани, кои имаат викендички во тој дел и истато е во согласност со Програмата за одржување на улично осветлување.
Наскоро ќе биде распишана јавна набавка за поставување улично осветлување и на трет крак, во оваа туристичка населба, при што со улично осветлување ќе биде опфатен поголем дел од оваа населба.
Со реализацијата на овој проект, продолжуваме посветено да работиме за развој на туризмот, како стратешка определба на општина Берово, обезбедуваме пристап и нови содржини за рекреативни активности и отвараме нови перспективи за развој на туризмот, овозможувајќи дополнителни рекреативни активности и во вечерните часови.