Туристичка населба Беровско Езеро, ќе добие нов водоснабдителен систем

Се решава долгогодишниот проблем со водоснабдувањето во туристичка  населба Беровско Езеро, при што во завршна фаза се активностите за Реконструкција на водоводна линија, дел од секундарна водоводна мрежа  и поврзување на нов резервоар со примарна водоводна мрежа во туристичка населба Беровско езеро, во општина Берово“..

Како што истакна градоначалникот Пекевски, Општина Берово на повик преку МТВ го реализира вториот проект од средствата од Европска Инвестициона Банка – Изградба на примарна водоводна мрежа на Беровско Езеро.  Во програмскиот период до 2017 година, преку прекугранична соработка, Бугарија – Северна Македонија,  се реализираше проект за изградба на филтер станица, која сега со изградбата на нов цевковод, ќе овозможи да почне водонабдувањето на викендиците од туристичката населба со чиста вода за пиење. Средствата се обезбедени од Европска инвестициона Банка преку Министерството за транспорт и врски, а изведувачот е при крај со изведбата, така да на задоволстово на сите,  во скоро време ќе профункционира водоснабдувањето.

Градежната офанзива ја продолжуваме со силна динамика, насекаде во државата. Денеска во Берово , сме на завршувањето на еден многу значаен проект за целиот регион. Инвестициите во целокупната инфрастуктура се неопходни да создадеме услови за подобар живот на  граѓаните, а тоа го правиме секојдневно на терен во соработка со локалните власти. Имаме силна градежна офанзива во изгадба на патишта, водоводи и канализации и контиунурано вложуваме средства за реализација на проекти, што значат поквалитетни услови за живот. Денеска сум во работна посета на Општина Берово, каде што со градоначалникот разговаравме за повеќе проекти, но решивме да го посетиме преубавиот крај на Берово или  крајниот исток, Беровското езеро, каде што имаме многу значаен проект за изградба на водоводна линија- истакна Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.  Како што додаде, Берово и Малешевијата се значаен регион, каде е потребно во континуитет да го развиваме туризмот, да вложуваме и од сите аспекти истовремено да ги подобриме условите за живот на граѓаните. Еден од тие проекти што  е од особено значење е реконструкцијата на водоводната мрежа. Изградена е нова секундарна мрежа и е поврзано  на претходно изградениот резервоар. Проектот е  со вредност од 7, 3 милиони денари, го работиме во соработка со општината. Изведбата е при крај, останува наредната недела да се изврши испитување на целата линија и потоа да биде извршен техички прием, при што во следната фаза општината ќе започне со приклучување на сите викендици на Беровско Езеро. Ова е заокружување на претходно изградената фекална канализација, која што во оваа населба ја реализиравме  со што веруваме дека значително ги подобривме условите за развој на туризмот. Преку средства од централниот Буџет, вложивме средства за изградба  на систем за наводнување на населеното место С. Ратево  и цевковод за снабдување на вода за пиење за с. Двориште, исто така го реконструиравме локалниот пат во с. Двориште и патот до Беровско Езеро. Гледаме и со посебен интерес на граничниот премин Клепало, кој ќе придонесе до доплнителен развој на туризмот  раздвижување на локалната економија. Мешовитата комисија е во постојан контакт и заеднички работиме до отворање на овој граничен преми. Целта е  од страна на Р. Бугарија да биде изграден патот, кој ќе ги поврзе овие два региони и потоа да пристапиме кон отворање на граничниот премин. Генерално можам да истакнам дека капиталните проекти ги движиме со силно темпи и така ќе продолжиме се додека не служат временските услови- истакна Бочварски.

Инаку, со зголемување на населбата и се поголемиот број на корисници, зоголемена е и потребата од вода, со што постојниот капацитет не беше  доволно за да ги задоволи  потребите на корисниците.

Населбата во моментот има дел од секундарна мрежа, па со новата линија ќе се обезбедат количините, со кои ќе се покрие преостанатиот дел од населбата и  домаќинства.

Горе