ОСУ,, Ацо Русковски,, Берово
Гимназиското образование во Берово датира од учебната 1951/1952 година како неполна гимназија која во учебната 1953/1954 година со Решение на Советот за просвета на НРМ прерасна во полна гимназија.
Училиштето е верифицирано за гимназиско и за стручно образование .
Во реформираното гимназиското образование од 15.05.2004 година се застапени Наставни планови и програми за :
- општествено – хуманистичко подрачје
- природно – математичко подрачје
- јазично – уметничко подрачје .
- Текстилно-кожарска струка/ текстил, кожа и слични производи( образовен профил: конфекциски техничар и техничар за изработка на облека) од 16.05.2006 година со Решение на МОН на РМ.
- Дисперзирани паралелки во I, II, III и IV година гимназиско образование во ОУ ,,Ванчо Китанов,, Пехчево од 25.09.2008 година на МОН на Р.Македонија
- Угостителско – туристичка струка со образовни профили : хотелско-туристички техничар и угостителски техничар верифицирана од 23.08.2013 година.
- Од учебната 2019/20 година имаме воведено и шумарско-дрвопреработувачка струка, образовен профил- техничар за изработка на мебел и ентериер, верифицирана од 20.05.2020 година на МОН на Р.С. Македонија.
Во учебната 2020/2021 година се запишани 369 ученици, распоредени во 25 паралелки. Во гимназиско образование имаме 250 ученика, а во стручното 119. Во Берово учат 311, а во Пехчево 58 ученика.
Наставата ја реализираат 53 наставника. Имаме 5 стручни соработници, 1 административен работник и 7 хигиенско-технички кадар.
Училиштето активно учествува на литературни и ликовни конкурси во склоп на проекти реализирани од институции со кои соработува училиштето, но и на регионални, државни и меѓународни натпревари каде учениците постигнуваат солидни резултати. ОСУ,,Ацо Русковски,, и понатаму го задржува континуитетот на престижно и реномирано училиште од кое произлегле врвни интелектуалци.
Нашето училиште е вклучено во повеќе проекти :
- СЕА проект-Активности во средното образование
- Промоција на хумани вредности (соработка со Црвен крст)
- Интеграција на еколошката едукација во Македонскиот образовен систем
- Проект за меѓуетничка интеграција во образованието (МИMО)
- Условени парични трансфери (УПТ)
- Кариерно советување
- Еразмус +
- RYCO
Во вкупното работење на училиштето мошне значајна улога има и дејствувањето и работењето на младинските асоцијации: Средношколска заедница на учениците и Младинската канцеларија.
ОСУ „Ацо Русковски“-Берово
Директор
Душанка Паговска