Средба на градоначалниците на Општина Берово и Општина Гоце Делчев, за продлабочување на прекуграничната соработка

Денеска, во просториите на Општина Берово, се одржа пријателска и работна средба, помеѓу градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, и делегација од Општина Гоце Делчев од Република Бугарија, предводена од  градоначалникот, Владимир Москов.

Средбата беше реализирана, во присуство на претседателот на   Здружение на пензионери- Гоце Здравковски и советникот од Биро за развој на образованието, Зоран Мазновски.

Градоначалникот Ружински, изрази благодарност за посетата, истакнувајќи дека има слушнато само позитивни зборови за својот колега од Гоце Делчев, додавајќи дека триесетгодишното искуство на градоначалникот Москов, не е случајно и неговата посветеност и резултати, се пример од кој можеме многу да научиме.

Во пријателска атмосфера, двајцата градоначалници разговараа за продлабочување на соработката во областа на културата, туризмот, образованието, социјалната и детската заштита, како и за размена на идеи и искуства меѓу бизнис секторите, од двете страни на границата.

 

Во делегацијата од Општина Гоце Делчев, присуствуваше и Марјана Костадинова, долгогодишен директор на детската градинка „Џани Родари“, од  Општина Гоце Делчев, со која Општина Берово во 2015 година, реализираше заеднички проект, за подобрување на енергетската ефикасност „Зелена иднина за нашите деца“.

На крајот од средбата, двете страни изразија подготвеност за продолжување и унапредување на пријателските односи, размена на добри практики и соработка преку заеднички активности и идни проекти, од заемен интерес.

Инаку, Општина Гоце Делчев од Република Бугарија е општина со околу 35.000 жители и 10 населени места, со богата културна традиција и развиен економски живот.

Горе