ОВР Берово, во соработка со Општина Берово и институциите на локално ниво, денеска во Берово, организираа едукативна кампањата за превенција од употреба на пиротехнички средства.
Пред учениците во ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” и ОСУ ,,Ацо Русковски” презентирани се ризиците од употреба на пиротехнички средства, а во централното градско поддрачје се поделени флаери со едукативна содржина.
Целта на кампањата е превентивно делување на свеста на граѓаните, особено околу новогодишните празници, да не употребуваат пиротехнички средства.
Од ОВР Берово, апелираат до сите граѓани, да се воздржат од каква било употреба на петарди и други пиротехнички средства, при прославувањето на празниците, не само поради предвидените законски санкции, туку и поради опасностите што ги носи употребата на овие средства по безбедноста, здравјето и животот на граѓаните.