Спектакуларно затворање на ЕТНО ПЛОШТАД ФЕСТИВАЛОТ во Берово

Со богата музичка програма и голема посетеност, вечерва во Берово беше затворено овогодинешното издание на ЕТНО ПЛОШТАД ФЕСТИВАЛОТ и Саемот на традиционални производи „Малешевијата на дланка“.
Изнинатите три дена, Берово се покажа како вистински добар домаќин, пречекувајќи над 10.000 посетители, во срцето на градот.
Завршната вечер донесе вистински музички спектакл на плоштадот „Димитар Беровски“, кој започна со DJ, продолжи со настап на Мики Секуловски, а вистински енергичната атмосфера имавме на Харис Џиновиќ, кој со своите хитови, ја крена публиката на нозе и создаде незаборавна атмосфера.
Третата фестивалска вечер и ЕТНО Плоштад федтивалот, го затворивме со Инструментал бенд.
Со ова, Берово уште еднаш покажа дека е град на традицијата, музиката и добрата забава, а фестивалот останува препознатлив бренд, кој го зближува регионот и ја слави културната разноликост.
Горе