Советот на Општина Берово, во понеделник 27.06.2022 година, со почеток во 08:00 часот , ќе ја одржи 13-тата Седница

Д н е в е н  р е д:

  1. Записник од 12-та Седница на Совет на општина Берово;
  2. Предлог Одлука за прифаќање на Предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка;
  3. Предлог Одлука за утврдување на цените и начинот на бесплатен превоз на ученици во основното и средното образование на подрачјето на општина Берово за учебната 2022/2023 година;
  4. Предлог Одлука за Измени и дополнувања на Одлуката за уредување на општински линиски превоз за подрачјето на Општина Берово;
  5. Предлог Одлука за определување на висината на наплата на комунална такса за користење на плоштадите и друг простор во градовите и другите населени места  со цел изложување на предмети, приредување изложби  и забавни приредби за вршење на дејност;
  6. Предлог Одлука за престанок на важење на Одлуката за усвојување на Студија за валоризација на природните вредности  на Малешевските Планини и Влаина  со предлог за формирање на Заштитен предел „Малешево“;
  7. Предлог Одлука за престанок на важење на Одлуката за давање согласност за отпочнување на процедура за прогласување на заштитено подрачје Малешево;
  8. Предлог Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Берово за 2022 година;
  9. Предлог Правилник за доделување стипендии на студенти кои ќе бидат запишани на додипломски студии од прв циклус на студии во учебната 2022/2023 година на Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје;
  10. Решение за формирање на Комисија за селекција и избор на кандидати за користење на стипендии доделени од Универзитет за туризам и менаџмент- Скопје;
  11. Предлог Одлука за прифаќање на донација – садници од НЛБ Банка;
  12. Предлог Одлука за прифаќање на донација – противпожарна опрема од Словенија;
  13. Предлог Одлука за престанок и давање на трајно користење без надоместок на движни ствари-на ООУ„Дедо Иљо Малешевски“ Берово и ООУ„Никола Петров Русински“ с.Русиново, Берово;
  14. Решение за разрешување и именување на членови на Управниот одбор на Дом на култура “Димитар Беровски” Берово;
  15. Предлог Одлука  за давање согласност за намената на инвестицијата од  Програмата за финансиска поддршка на руралниoт развој за 2022 година за мерка 124;
  16. Предлог Одлука за утврдување на приоритет за учество на јавен повик бр.09/2022 за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниoт развој за 2022 година за мерка 124
  17. Предлог Одлука за прифаќање на иницијативата за отпочнување на постапка за изработка на Урбанистичко планска документација Урбанистички Проект со намена Е1.13 – Сончеви електрани, на КП 3308 и КП 3309, КО Берово вон-град, Општина Берово ;
  18. Предлог Одлука за ослободување од надоместок за комунална такса за улично осветлување;
  19. Годишен план за вработување за 2023 година на ООУ„Никола Петров Русински“с.Русински,Берово;
  20. Годишен план за вработување за 2023 година на ОСУ„Ацо Русковски“с,Берово;
  21. Годишен план за вработување за 2023 година на ООУ„Дедо Иљо Малешевски“ Берово;
  22. Годишен план за вработување за 2023 година на ОЈУСЗСЛ „д-р Иван Влашки“ Берово;
  23. Годишен план за вработување за 2023 година на Дом на култура „Димитар Беровски“ Берово;
  24. Годишен план за вработување за 2023 година на ОЈУГД „23-ти Август“ Берово;
  25. Квартален финансиски извештај за работа на ЈПКР„Услуга“ Берово за прв квартал за период 01.01.2022 до 31.03.2022 година;
  26. Годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на Источен плански регион 2021-2026 за 2021 година;
  27. Годишен извештај за работењето на Центарот за развој на Источен плански регион за 2021 година со Годишен финансиски извештај за работа на Центарот во 2021 година;
  28. Квартален извештај за работа на Дом на култура „Димитар Беровски“ Берово за 2022 година за прв квартал од 01.01.2022 година до 31.03.2022 година;
  29. Квартален извештај за реализација на програма за работа за 2022 година на ОЈУСЗСЛ „д-р Иван Влашки“Берово за период 01.01.2022 до 31.03.2022 година;
  30. Квартален извештај за работа на ОСУ„Ацо Русковски“ Берово за период 01.01.2022 до 31.03.2022 година;
  31. Квартален извештај за видови и број на интервенции од ТППЕ за прв квартал од 01.01.2022 до 31.03.2022 година;
  32. Вкупен финансиски извештај за приходи и расходи во изборната кампања за Локалните избори 2021 година за Либерално-демократската партија;
  33. Барања од институции и граѓани;
  34. Советнички иницијативи и прашања

Совет на Општина Берово

Претседател

Стево Суџуковиќ

Горе