Советот на Општина Берово, утре, со почеток во 08:00 часот, ќе ја одржи 23-тат Седница на Совет, на која ќе се најдат следните точки на дневен ред:
- Записник од 21-та седница на Совет на Општина Берово;
- Записник од 22-та седница на Совет на Општина Берово;
- Заклучок за исправка на техничка грешка во Одлука за прифаќање на донација;
- Предлог Одлука за извршување на Буџетот на Општина Берово за 2023 година;
- Годишен извештај за информации од јавен карактер (01.01.2022 – 31.12.2022 година);
- Предлог Повеќегодишен План за контрола на популацијата на бездомни и улични кучиња на територијата на општина Берово (2023-2025 година);
- План за интегритет на Општина Берово за 2023-2026 година;
- Советнички иницијативи и прашања.
Совет на Општина Берово
Претседател
Марија Буровска