Советот на Општина Берово, утре ќе ја одржи својата 22 Седница

Утре, во салата за Совет на општина Берово, со почеток во 08:00 часот,  ќе ја одржи својата 22-ра Седница. На истата ќе се најдат следниве точки на дневен ред:

  1. Предлог Одлука за прифаќање на донација;
  2. Годишен извештај за работа на ОЈУСЗСЛ „д-р Иван Влашки“ Берово за 2022 година;
  3. Стратегија за родова еднаквост за регионот Делчево, Берово и Пехчево за период 2023-2026 година;
  4. Советнички иницијативи и прашања.

Совет на Општина Берово

Претседател

Марија Буровска

Горе