Советот на Општина Берово, ги ослободува категоријата на баратели , односно локалните производители на традиционални производи, од плаќање на комунална такса за користење на плоштадот во Берово (локација – уредена јавна површина – мини плоштад кај Домот на културата во Берово), за период од месец април 2023 заклучно со месец декември 2023 година, а за поставување на урбана опрема-тезги на јавна површина, за продажба на отворено.
Целта, на оваа одлука, е поддршка на локалните жители, за збогатување на туристичката понуда, развој на руралниот туризам и стимулирање на локалната економија, преку промоција на традиционалните производи, поддршка на локалното производство и нивна поголема достапност до посетителите кои се туристи во општината.
Издавањето на акт за привремено користење на јавна уредена градежна површина и поставување на тезги, ќе биде по доставено барање до Општина Берово, на принцип први доставени барања, први одобрени локации.
Оваа Одлука ќе важи само за точно определената локација и за периодот од месец април 2023 заклучно со месец декември 2023 година, освен за периодот на одржување на Етно Плоштад Фестивал во чии рамки се организира саемот на традиционални производи „Малешевијата на дланка“ за кое што Советот ќе донесе друга одлука за определување на висина на надомест за користење и поставување на урбана опрема и тезги.