СО ТАКТИЧКО-ПОКАЗНА ВЕЖБА НА ПОЖАР ВО ЗАТВОРЕН ОБЈЕКТ ТППЕ-БЕРОВО ГО ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ

По повод 20 Мај, Денот на македонските пожарникари, Територијалната противпожарна единица – Берово, изведе тактичко-показна вежба во затворена просторија, со симулација на гаснење на пожар во затворен објект -пелетара, како и показна обука на вработените за користење на против пожарни апарати.

Командирот на ТТПЕ-Берово, Сашко Руменовски им го честиташе Денот на сите пожарникари истакнувајќи дека оваа година противпожарната единица во Берово, може да се пофали со обезбедени униформи за шумски пожари и урбана средина за сите пожарникари, со набавено едно ново возило за гаснење на пожар, а во тек е постапка за набавка на уште едно возило со модул за гаснење на шумски пожари и модул за чистење на снежни наноси.

Денес е 20 Мај Ден на пожарникарите, па по тој повод ТППЕ Берово организираше тактичко-показна вежба гасење на пожар во затворен простор, каде беше симулирано гасење на пожар во објект пелетара, при што едно од лицата кое што работи во објектот беше здобиено со повреди и со вдишување на чад.При претрага на просториите од страна на пожарникарите, лицето беше пронајдено и истото безбедно евакуирано.На вработените им покажавме како се работи со против пожарни апарати и кои се можните причини на запалување во овој објект.Вежбата беше успешно изведена, во присуство и претставници на Дирекцијата на заштита и спасување и Министерството за внатрешни работи– рече Сашко Руменовски командир на ТППЕ-Берово.

Градоначалникот Пекевски, честитајќи им го празникот на пожарникарите упати искрени желби за унапредување на нивната работа и спречување на големи катастрофи каде минатата година се покажа дека само со многу пожртвуваност и храброст и големи заложби, големите катастрофи можат да бидат спречени.

Инаку Територијалната противпожарна единица од Берово брои вкупно 16 пожарникари и според Законот за пожарникарство, дејствува на територииите на соседните општини Берово и Пехчево. Располага со вкупно 5 противпожарни возила и секојдневно  работи на усовршување на својата работа.

Горе