Берово синоќа, го отвори новото издание на ЕТНО ПЛОШТАД ФЕСТИВАЛОТ, заедно со Саемот на традиционални производи „Малешевијата на дланка“, со што центарот на градот прерасна во вистинска сцена на традицијата, културата и вкусот на регионот.
Според фестивалската програма, првата вечер беше збогатена со настапи на културно-уметнички друштва, кои на плоштадот „Димитар Беровски“ ја претставија македонската традиција преку песна и игра.
Публиката имаше можност да ужива и во концертот на Игор Димовски и бендот „Пауза за ракија“, кои со добро познатите ритмови, создадоа одлична атмосфера, а вечерта дополнително ја збогати спектакуларниот настап на RobbieRay Led Robot, кој привлече особено внимание кај младата публика.
Покрај музичко-сценската програма, посетителите уживаат и во саемската понуда на традиционални производи, каде локални занаетчии и производители ја прикажуваат богатата гастрономија, ракотворби и автентични сувенири од Малешевијата. Берово ќе биде вистински центар на традицијата, музиката и автентичните вкусови, преку бројни концерти, настапи и културни содржини што ќе ја одбележат фестивалската програма





















































