Со донација од наши исселеници, се подобруваат услугите во детската градинка ,,23 Август” , во с. Русиново

Детската  градинка ,,23 Август” , во с. Русиново, ги подобрува услугите за дечињата, со обезбедување на донација од детски реквизити, играчки, преносен компјутер (лаптоп), принтер и  машина за садови,  кои се донација од нашите исселеници од с. Русиново- Берово:

Горан Буровски

Дарко Поповски

Сашко Механџиски

Дејан Механџиски

Димче Страторски и

Даниел Костевски.

 

Донацијата беше поздравена од првиот човек на Општина Берово, Звонко Пекевски, кој  упати посебна благодарност до донаторите и од претседателот на месната заедница од с. Русиново – Игор Жежовски, кој воедно е и организарот за донацијата.

Донираната опрема и реквизити, ќе бидат од голема корист за детската градинка ,,23 Август” , во с. Русиново, бидејќи ќе овозможат подобрени услови за престој на дечињата и повеќе содржини за играње.

Донаторите најавија и уште една донација за детската градинка во с. Русиново, преку која ќе бидат обновени детските реквизити во дворот од градинката.

Ова е пример, како се сака родното место и дека каменот повеќе тежи на родното место, а големиот ум и добро срце, се секогаш моќната комбинација на луѓето кои донираат за хуманитарни цели.

Ваквата хуманост, треба да биде пример за сите во општеството, во потрагата по подобро утре за поединецеот а преку тоа и за општеството.

Горе