Горди на минатото и на имињата кои се запишаа како симбол на слободата, денеска, одбележавме 116 годишнината од смртта на големиот македонски великан, Даме Груев.
Пред бистата на Даме Груев, во центарот на селото, пред присутните беше прочитан реферат за неговиот живот и дело.
Големиот македонски револуционер Даме Груев, загинува на 23 декември 1906 година, во борба кај месноста Петлец, близу с. Русиново.
Водејќи се од девизата ,,Подобро ужасен крај, отколку ужас без крај”, Даме Груев е запишан во македонската историја, како еден од најголемите македонски револуционери и најистакнати членови на Македонската револуционерна организација.