Од самото основање на Берово, па до денес, жителите на Берово, ја покажаа својата одлучност, да се живее слободно и независно, но го потврдивме и заветот што ни го оставија нашите херои, сами да одлучуваме за нашата иднина.
Горди сме што ја живееме слободата и независноста, за која жртва дадоа нашите славни предци, чии имиња се испишани на бројните споменици, чие херојско дело вечно ќе го паметиме и за кое вечно сме им благодарни.
ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ ДО СОВЕТНИЦИТЕ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БЕРОВО, ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА И ЈАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ, КАКО И БИЗНИС СЕКТОРОТ, ЗА ДОСЕГАШНАТА ДОБРА ТИМСКА РАБОТА И НЕСЕБИЧНАТА ПОДДРШКА, ЗА ПОДОБАР ЖИВОТ ВО НАШЕТО БЕРОВО.
ДА ПРОДОЛЖИМЕ СИТЕ, НА СВОЈ НАЧИН ДА ДАВАМЕ ПРИДОНЕС ВО РАЗВОЈОТ И РАЗУБАВУВАЊЕТО НА ОПШТИНА БЕРОВО И ДА ОСТВАРИМЕ РЕАЛИЗАЦИЈА УШТЕ НА МНОГУ УСПЕШНИ ПРОЕКТИ!