Претставници од Западен Балкан во посета на ТППЕ Берово

Регионалниот Центар за Следење на Шумски Пожари, во периодот од 18-ти до 22-ри септември 2023 година,  одржува работилница за изградба на капацитети за мониторирање на пожари  во Берово.

Работилницата се одржува во склоп на проектот “Управување со пожари на ниво на предел во Западен Балкан” финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (Swiss Agency for Development and Cooperation – SDC)  организирана од Регионален Центар за Следење на Пожари, координирана од ФАРМАХЕМ – Скопје, со советодавна поддршка на ХЕЛВЕТАС од Швајцарија.

Во склоп на работилницата денес, на 20ти септември, беше организирана посета на ТППЕ Берово, со цел преглед на досегашните искуства во користење на донираната опрема и возила од страна на SDC .

Присутните ги поздрави градоначалникот Пекевски, кој  се заблагодари за подршката и донацијата, која што во значителни размери ги зајакна капацитетите на ТППЕ Берово.

Командирот на одделение, Димитар Гошевски, пред присутните ја претстави опремата- возилата и униоформите и  се заблагодари истакнувајќи  дека опременоста на единицата, сега  е на повисоко ниво.

Претставникот од општина Берово – општинскиот инспектор за животна средина, Катерина Скендерска, се заблагодари за донацијата дрон и сподели искуства за неговото користење, иистакнувајќи дека има обучени 6 лица за пилотирање со дронот, од Берово и Пехчево.

Средбата заврши со разгледување на донираната опрема и споделување на искуства од противпожарна заштита, од страна на беровските пожарникари.

Горе