Претставници од Општина Берово во работна посета на Општина Струмјани

Градоначалникот Пекевски, заедно со Советниците при Советот на Општина Берово  и административните служби, кои работат со Советот, присуствува на дводневна работна средба во Општина Струмјани , Република Бугарија.

Во рамките на посетата, тие остварија средба со градоначалникот на Општина Струмјани, Емил Илиев, претседателката на Советот на Општина Струмјани, Севдалина Трајанова и советниците при Советот на Општина Струмјани,  на која што разговараа за продолжување и продлабочување на соработката на двете општини и заеднички да работат на развојот и унапредување на општествените процеси.

Работната средба се остварува, на покана на  општина Струмјани, а целта на средбата е продлабочување на долгогодишните добри партнерски односи и споделување на добри практики во управувањето.

Двете општини, долги години се во партнерска соработка и преку добри практики,  го унапрeдуваат животот на граѓаните на општините , реализирајќи проекти кои се од витално значење за граѓаните од двете страни на границата.

Горе