Претставници од Берово, присуствуваа на настан „Европски перспективи и квалитетен развој на ромската заедница, во Северна Македонија“

Денеска, претставници од локалната самоуправа од Општина Берово, заедно со Градоначалникот,  присуствуваа на настанот „Европски перспективи и квалитетен развој на ромската заедница, во Северна Македонија“, во Владата на РСМ, кој е  организиран по повод Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април.

На настанот , свои обраќања имаа премиерот на РСМ, Димитар Ковачевски, министерот Бојан Маричиќ, министерката Јована Тренчевска, заменик министерот Беким Реџепи и  претставници од ЕУ-делегацијата.

Тие имаа можност да ја  прследат презентација на краток филм: ,,Ние ќе летаме” на Европскиот ромски институт за уметност и култура.

Во изминатиов период, Општина Берово, вложуваше средства, за изработка на проекти за улици и патишта,  комунална инфраструктура, здравствена заштита, домување,  како  и подобрување на животот на нашите сограѓани Роми, во сите сфери од општественото живеење.

Веќе подолг период, работиме на проект, кој  опфаќа подобрување на инфраструктурата, урбанизација, легализација, подобрување на домувањето,  водовод и канализација во ромската населба, како и обезбедување на електрична енергија, за неколку ромски семејства,  со што подобрувањето на условите за живот на Ромите, во Берово, е во  значителен подем.

Покрај тоа се спроведуваат и активности од социјален аспект, анализа на состојбата во ромската заедница и предлог на мерки и поддршка  за вработување и самовработување.

Продолжуваме и понатаму зеднички и сплотени напред,  кон постигнување на нашите цели за инклузивно општество, во кое секој од нас има безбеден дом,  мирен и достоинствен живот.

Горе