Претставници на USAID, во работна посета во Берово

Денеска, наши драги гости, во Берово, се претставници на USAID, заедно со Marc Ellingstad , директор на канцеларијата за демократија при USAID.

Градоначалникот Пекевски им  посака топло добредојде во Берово и им се заблагодари за поддршката што USAID, преку своjот проект за зајкнување на капацитетите за искористување на ресурсите, ја дава, за јакнење на административните капацитети на Општина Берово.

Директорот на канцеларијата за демократија при USAID, Marc Ellingstad, истакна дека на голема чест и задоволство, е денеска е во Берово, затоа што гледа дека Градоначалникот заедно со неговиот тим, има големи достигнувања за Берово.

Вие и Вашата општина, вашиот тим, поседувате голем углед и е голема честа, денес да бидам во Берово да поразговараме за конкретните резултати и достигнувања, особено последните неколку години, додаде Ellingstad.

 

Градоначалникот Пекевски, истакна дека, благодарение на поддршката која USAID ја дава, во Општина Берово:

 

Зголемена е наплатата на приходите

Зголемен е капацитетот за ажурирање на базата на податоци за за данок на имот

Подобрена е внатрешната комуникација на вработените во локалната самоуправа

Унапреден е даночниот морал

Подигнато е нивото на наплата на даноци, во значителни размери

Зголемена е даночната основа (извршена е репроцена)

Подигнат е фискалниот капацитет на општината, воопшто

Зголемен е административниот капацитети за управување со општински јавни финансии, планирање и извршување на буџетот, фискална транспарентност и отчетност, планирање и прибирање на приходи од сопствени извори, пристап до надворешно финансирање и подобра соработка со приватниот сектор.

Присутните службеници од Општина Берово, кои зедоа дирекно учество во проектот, ги споделија нивните позитивни искуства, од соработката со USAID и упатија голема благодарност за беспрекорноста во истата.

Горе