Преку средства од Биро за регионален развој, ќе се реконструираат улици во с. Русиново и с. Смојмирово и тротоари на ул. ,,Борис Кидрич” во Берово

Врз основа на Законот за рамномерен регионален развој, Владата на РСМ, на седницата одржана на 20 септември, донесе Одлуки за доделување на средства за финансирање на 3 проекти за Берово,  за 2022 година, за следните проекти:

По повикот за доделување на средства за финансирање на проекти, за развој на подрачјата со специфични развојни потреби, за реконструкција на дел од ул.,,Димитар Влахов” и  ,,Партизанска” во с. Русиново- одобрени 3.000.000,00 денари

По повикот за доделување на средства за финансирање на проекти,  за развој на урбаните подрачја, за реконструкција на тротоари на улица ,,Борис Кидрич”, од раскрсница со ул.,,Вељко Влаховиќ”- ,,Јуриј Гагарин”, до раскрсница со ул.,,Гоце Делчев”, одобрени  2.421.586,00 денари

По повикот за доделување на средства за финансирање на проекти, за развој на селата, за реконструкција на улица во с. Смојмирово, на потегот од црквата до селските гробишта одобрени 2.342.657,00 денари.

Средствата до конечната понуда на економските оператори, ќе се дообезбедат од Буџетот на Општина Берово. Се очекува јавните набавки да бидат распишани по потпишување на договор, а со градба да се започне веднаш по исполнување на сите законски процедури.

Благодарност до Бирото за регионален развој и Владата на РСМ, што ни овозможува реалицација на вакви проекти, кои се од витално значење за развојот на Берово, а кои граѓаните постојано ги истакнуваат како приоритети.

Горе