Преку Програмта за развој во заедницата , до енергетски ефикасно средно училиште во Берово

Денеска Градоначалникот Пекевски, го потпиша Меморандумот за соработка помеѓу Мрежата за рурален  развој на Северна Македонија, со партнерот,  ЛАГ Малеш Пијанец и ОСУ ,,Ацо Русковски” , Општина Берово, Синотип, Трено Комерц, Хотел Манастир, БИ ГРУП – 18, Алфа Профил, Полотекс, ДАЕЛ транс, МРС ЗМС, Дентал Естетика ПЗУ, Малеш нет и Здружение на граѓани ,,Владимерски илинденски средби.

Целта на склучување на овој меморандум за соработка, е реализација на активности од Програмта за развој во заедницата, финансиран од Агенцијата на САД, за меѓународен развој USAID,  а инплементиран од  Мрежата за рурален  развој на Северна Македонија .

Потпишаниот меморандум, претставува темел за соработка помеѓу засегнатите страни, а целта на проектот е подобрена изолација и енергетска ефикасност на зградата на ОСУ ,,Ацо Русковски”, преку промена на старите прозорци и врати и намалување на режиските трошоци.

Особено значајно, во реализацијата на овој проект,  е заштитата на животната средина и намалување на емисиите на јаглероден диоксид, подигање на еколошката свест и енергетската ефикасност во општината и регионот.

Придобивки од овој проект, ќе има целата локална заедница, пред се учениците кои ќе добијат подобрени услови за престој и учење , подобар комфорт, едукација, долгорочни финансиски заштеди и позитивно влијание во заедницата, со примена и на други објекти од јавен карактер.

Благодарност до сите партнери, кои несебично се вклучија во проектот и ќе дадат свој придонес во реализацијата на активностите по проектот. Благодарност до USAID, Мрежата за рурален развој, Лагот Малеш Пијанец,  што ни овозможија да ги користиме мерките од Програмта за развој во заедницата.

Вкупниот предвиден Буџет на пректот е 3.634.000,00 , а предвидено е активностите да бидат реализирани во наредните четири месеци.

Горе