Одобрен прекуграничен проект за подобрување на условите за туризам во Берово

Велосипедска патека, со должина од околу 22 километри, е новиот одобрен проект, кој во следниот период, ќе се реализира во Берово, во рамки на на Програмата ИНТЕРРЕГ VI-А IPP Бугарија – Северна Македонија 2021-2027, раководени од Министерството за регионален развој и подобрување.

Постоечката  – тарсирана патека, е една од најатрактивни локации за планински велосипедизам како туристичка понуда, со старт од меѓународниот асвалтен пат во туристичката населба Беровско езеро , преку месноста Кукута  и месноста Бреза и завршува на Граничниот премин Клепало, каде се поврзува со асфалтен пат.

Проектот  предвидува  изградба на место за одмор и рекреација – летниковец  од дрвен материјал на соодветна локација во месноста Кукута, соодветна сигнализција по целата велосипедска патека , со одбележување на сите локации. На соодветна локација предвиден е исто така и  вграден сервис за брза поправна на велосипеди  , поставен на бетонска подлога и место за одмор , опремено со тоалет и корпи за отпадок. Ќе бидат изработени две големи информативни табли од дрвен материјал.

Партнери на Општина Берово,  во проектот се: општина Струмица, Туристички сојуз од Струмица, од Република Северна Македонија и Општина Петрич, Општина Струмјани и Бизнис информационен и консултански центар -Сандански во Република Бугарија. Водечки партнер во проектот е Опшрина Петрич.

Овој проект, спаѓа во првите осум проекти од Приоритет 3 „Интегриран развој на прекуграничниот регион“ на Програмата ИНТЕРРЕГ VI-А IPP Бугарија – Северна Македонија 2021-2027, раководени од Министерството за регионален развој и подобрување.

7,7 милиони евра,  ќе бидат инвестирани во 12 бугарски општини и 12 општини на Северна Македонија. Благоевград, Разлог, Ќустендил, Невестино, Дупница, Кресна, Петрич, СТРУМЈАНИ, Сандански, Гоце Делчев, Белица и Јакоруда во Бугарија, а во Северна Македонија – Делчево, Гевгелија, Богданци, Крива Паланка, Старо Нагоричане, Василево, Струмица, Берово, Штип, Пробиштип, Македонска Каменица и Карбинци. Средствата ќе бидат доделени за надградба на инфраструктурата, подобрување на пристапноста и проширување на понудените туристички услуги, што ќе придонесе развој на регионот и подобри услови за туризам.

 

На овој начин ќе биде промовиран економскиот раст, ќе се  поттикнат иновации и одржливо користење на природните ресурси и ќе се збогати туристичката понуда во прекуграничниот регион.  Претставници од различни јавни и економски сектори се вклучени во реализацијата на проектите преку партнерства меѓу локалните власти, бизнисите и граѓанските организации во двете соседни земји.

 

Со одобрување на првите проекти, се поставува почетокот на реалната имплементација на интегрираната територијална стратегија,  на програмата, преку развој на атрактивен, целосезонски туристички производ.

Имплементацијата на Територијалната стратегија, има за цел создавање посилно и поингажирано локално учество, при што прекуграничните заедници даваат приоритет и идентификување.

Покрај продолжувањето и зајакнувањето на соработката, се очекува  да се постигне поголема одржливост, иновација и конкурентност во регионот преку подобрување на мобилноста и поврзувањето, брендирање и маркетинг на прекуграничните туристички производи и зајакнување на врските.

Предвидени се исто така   и мерки за намалување на ранливоста на туристичките услуги, што е важен чекор кон стабилноста на секторот.

Горе