Преку форуми во заедницата до подобрени услови за најмалите

Вчера, во Бизнис инкубаторот во Берово, се одржа петтата последователна форумска сесија, во рамките на проект,,Зајакнување на општинските совети”.
Децата од предшколска возраст, во Берово, добија ново катче, каде ќе можат да уживаат, да учат и да се едуцираат, по сите модерни и современи стандарди.
Овој проект, е избран како приоритет на партиципативен начин, преку одржаните 4 форумски сесии, при што граѓаните, со мнозинство гласови, донесоа одлука да биде реализиран.
Покрај тоа во рамките на проектот, Советниците од Советот на општина Берово, следеа обуки, преку кои, е зајакнат капацитетот на Советот и исто така, Берово доби комплетна опрема, за пренос на Седниците на Совет во живо.
Со реализацијата на овој проект, Општина Берово, уште еднаш докажа дека се грижи за сите свои граѓани, почнувајќи уште од најмала возраст и дека ги следиме принципите на подобрување на транспарентноста.
На форумската сесија присуствуваше, градоначалникот Пекевски, кој упати благодарност до сите кои учествуваа во форумскиот процес и кои дадоа свој придонес, овој проект да биде реализиран, посебно до Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП, што овозможуваат реализација на вакви проекти. Како што додаде тој, ова е нов почеток на локалната демократија, при што форумите се многу важна алатка, за партиципативно учество на граѓаните во донесувањето на одлуките на локално ниво и се од големо значење за креирањето на локалните политики.
Вкупната вредност на проектот е 4.453.419,00 денари, од кои 2.699.495,00 се обезбедени преку Проектот,,Зајакнување на ооштинските совети”, од Швајцарската агенција за развој и соработка, преку УНДП, а останатите 1. 695.730,00 денари, се обезбедени од Буџетот на Општина Берово за 2021 година.
Преку овој проект, исто така, зајакната е транспарентноста, отчетноста и граѓанското учество, во Берово, а во иднина соглано проектот предвидено е вмрежување на советниците и канализирање на гласот на советниците преку студиски патувања, меѓународни конференции и тематски групи.
Горе