Делегација од Општина Берово, предводена од Градоначалникот Звонко Пекевски, учествува на Петтата меѓународна конференција, во рамките на Проект ,,Европа за граѓаните”, која се одржува во Марвао- Португалија .
Конференцијата е вистински предизвик за претставници од осум европски држави, кои низ различни интерактивни активности, разменуваат искуства за културното наследство , паметни културни села, важноста на социјалните иновации за целите на културното наследство, стратегии и различен пристап во стратшкото планирање на европско и локално ниво, со цел презентирање на добри практики во развој на руралниот туризам.
На отварањето на првата сесија учествуваат претседателот на Советот на општина Марвао, Луиз Виторино, Претседателот на Советот на Вимианцо, Моника Родригуес Ордонес и претставници на партнерските општини.
На конференцијата учествуваа претставници од осум партнерски организации и општини од Македонија, Шпанија, Хрватска, Бугарија, Белгија, Португалија Италија и Латвија.Се разменувани искуствата помеѓу државите за предизвиците во туризмот во Европа и европското културно богатство и воспоставуваење на партнерска соработка меѓу европските држави.
EUsave мрежата, е дел од планот за Европа со граѓаните и има за цел трасирање на транснационална стратегија за развој на туризмот.
Во попладневните часови, партнерите на општините, ќе ја посетат и старата римска населба Аммаиа и замокот во Марвао.