Преку донација од Швајцарската противпожарна служба го унапредуваме системот за противпожарна заштита во Берово

Преку донација од Швајцарската противпожарна и спасувачка служба Јужен Фрибург (Chatel-Saint-Denis), го унапредуваме системот за противпожарна заштита во Берово.
Вчера, донацијата, која се состои од противпожарна скала, што ќе биде дополнителна опрема, во борбата со справување со пожарите, пристигна во Берово и веќе е на располагање за користење на пожарникарите од ТППЕ Берово.
Новата противпожарна опрема, е од исклучителна важност, не само за опременоста на беровската територијална противпожарна единица, туку и за безбедноста на граѓаните во урбаните и руралните подрачја во Берово.
Голема благодарност за донацијата, која ќе ни помогне во ефикасната противпожарна заштита, за зачувувањето на природните ресурси и до сите кои се вклучија за успешна реализација на оваа донација.
Горе