Вчера, Градоначалникот Пекевски, ја потпиша декларација за активна заштита на животната средина и ублажување на климатските промени.
Препознавајќи ја важноста на заштитата на животната средина како основа за остварување и заштита на човековите права, имајќи ја предвид определбата за пристапување кон Европската Унија и значењето на Повелбата за фундаменталните права на Европската Унија, Зелениот договор на Европската Унија, Зелената агенда за Западен Балкан и acquis communautaire на Европската Унија од областа на животната средина и климатските промени, признавајќи ги предизвиците со кои се соочува македонското општество во однос на заштитата на животната средина:
- Се залагаме на преземање активни мерки за намалување на емисиите на
стакленички гасови за 55% до 2030 година споредено со емисиите од 1990 година.
- Се обврзуваме дека активно ќе работиме на спроведување на Зелената агенда за
Западен Балкан
- Се залагаме за активна соработка со Владата и Министерството за животна
средина и просторно планирање за унапредување на заштитата на животната
средина
- Се обврзуваме за зајакнување на капацитетите, стручноста и ефикасноста на
спроведувањето на надлежностите за заштита на животната средина на локално
ниво
- Се обврзуваме дека ќе ги преземеме сите можности за непосредно учество на
локалното население во донесувањето одлуки поврзани со животната средина