ПОТПИШАН КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОПШТИНА БЕРОВО

Денес во просториите на Синдикатот на УПОЗ, се потпиша Колективниот договор за вработените во Општина Берово.
Колективниот договор од страна на Синдикатот на УПОЗ, го потпишаа Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација при Општина Берово, Ѓорѓи Пеовски, од едната страна и Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, од другата страна.

Со овој колективен договор, се уредуваат правата, обврските, одговорностите и други прашања во врска со работниот однос, на вработените при Општина Берово.

Потпишувањето на колективниот договор, значи нов чекор кон унапредување на правата на вработените во Општина Берово и гаранција за нивно почитување.

Горе