Денеска се доделени договорите за регулирање на меѓусебните права и обврски за проект ,, Изградба на фекална канализација во село Мачево”, преку средства, обезбедени со пренамена на 35 милиони евра од ТАВ, што беа предвидени за изградба на карго аеродром во Штип.
Општина Берово во распределбата на тие средства, добива дел за реализација на проект за “Изградба на фекална канализација во село Мачево”.
Со почетокот на реализација на овој проект, уште еднаш ја потврдуваме посветената работа, инвестираме во инфраструктурата, секаде каде што е потребно и подеднакво се грижиме да го подобриме животот, како во градот, така и во населените места.
Преку одлуката за пренамена на средства, обезбедени се 35 милиони евра, за 99 проекти, за 75 општини, кои се одобрени за изградба и реконструкција на локална патна инфраструктура, за водоснабдителна мрежа, за канализациски мрежи, за реконструкција изградба на градинки и училишта и спортски објекти, за реконструкција и изградба на здравствени установи и за други проекти, по предлог на општините.