Показна вежба на ТППЕ Берово -Подготвеност, превенција и безбедна евакуација при пожар

Денеска, ТППЕ Берово, во соработка со Општина Берово,  успешно реализираше показна вежба, со цел унапредување на подготвеноста на единицата и  координација при интервенции во случај на пожар.

Вежбата имаше двојна цел – тренинг и усовршување на единицата, како и практично запознавање на вработените во општинската зграда,  со процедурите за навремена и безбедна евакуација,  како и правилна реакција во кризна состојба и основни техники на спасување.

Во рамки на активностите, беше симулирана ситуација на пожар, во административен објект, при што беше демонстрирано:

-правилна дојава и координација со службите за итна интервенција,

-организирана и безбедна евакуација на присутните лица,

-пребарување и спасување на евентуално загрозени лица,

-гаснење на пожар во почетна фаза со преносни противпожарни апарати.

Посебен акцент беше ставен на практичната обука за употреба на противпожарни апарати, тип C9 (прашков апарат) и CO₂ апарати, при што вработените имаа можност да се запознаат со:

✔️ правилен начин на активирање,

✔️ избор на соодветен апарат во зависност од видот на пожарот,

✔️ безбедна дистанца и насочување на млазот кон жариштето,

✔️ мерки на претпазливост при ракување со CO₂ апарат, во затворен простор.

Со ваквите активности, се зајакнува свеста за важноста на превенцијата, навремената реакција и правилната примена на расположливата опрема, со што значително се намалуваат ризиците по животот и материјалните добра.

ТППЕ Берово, останува посветена на континуирана едукација, практична обука и соработка со институциите, со цел зголемување на безбедноста на граѓаните.

Горе