ПОКАНА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЈАВНА ПОВРШИНА И ТЕЗГИ ЗА ВРЕМЕ НА ЕТНО ПЛОШТАД ФЕСТИВАЛ 2024

Почитувани,

 

Со задоволство сакаме  да Ве известиме дека Општина Берово,  во периодот од 23 до 25 август 2024 година, под покровителство и организација на Општина Берово, со поддршка  Министерството за култура на РСМ и Еклектик Логистик (ECLECTIC Logistics) , го организира:

 

Етно Плоштад Фестивалот 2024 година- Реномиран музички фестивал, во склоп на кој, исто така ќе се одржи и  Саем за зачувување на културното наследство ,,Малешевијата на дланка”.

 

На тридневната концертна фестивалска програма ќе настапат, Дани Димитровска, Ружица Брчиоска (АРЕА), Јасна Димитровска, Ана Петановска, Наде Талевска,  Сашо Паркет, придружувани од Камерен оркестар Битола,  ДНК, Филип Пецовски, Ангел и Иван и други.

Главна ѕвезда на овогодинешното издание, ќе биде познатата мегапопуларна балканска ѕвезда Јелена Розга.

Во рамки на фестивалот се одржува и саемот на традиционални локални производи „Малешевијата на дланка“.

На овој саем ја продолжуваме малешевската традиција, изложувајќи ги на штандови, ракотворбите,  изработени од вештите раце на малешевската домаќинка, како и надалеку познатите малешевски специјалитети, шумски плодови и лековити билки.

Општина Берово Ве поканува, доколку сте заинтересирани за претставување и промоција на локалните производи, како и за користење на јавна површина, во прилог на поттикнување на локалниот економиски развој и туристичката понуда, да земете учество на оваа манифестација.

Пријавувањето за учество на саемот ќе трае до 12 август 2024 година,  со пополнување на пријава, за користење на тезга и плаќање на  соодветен надоместок, според Одлука, за користење на други јавни површини, донесена од страна на Советот на Општина Берово .

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО, МОЖЕ ДА ПРЕЗЕМЕТЕ ТУКА.

СКИЦАТА НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ ЗА КОРИСТЕЊЕ МОЖЕТЕ ДА ЈА ПРЕЗЕМЕТЕ ТУКА.

Горе