Почитувани
Ве известуваме дека во рамки на Проектот „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад, во Источниот и Северо-источниот регион (NEAR/SKP/2022/EA-RP/0137)“, финансиран од Европската Унија, организирани се јавни консултации,за презентација на Регионалниот план за управување со отпад (РПУО) и придружната Стратегиска оцена на животната средина (СОЖС).
Јавните консултации, ќе се одржат на ден 24.11.2025 година (понеделник), во просториите на Бизнис инкубаторот, со почеток од 10:00 часот.
Регистрација на учесници: 09:45 часот.
Јавните консултации ќе вклучат:
- Презентација на главните карактеристики и цели на Регионалниот систем за управување со отпад;
- Преглед на наодите и препораките од Стратегиската оцена на животната средина;
- Отворена дискусија и забелешки, предлози и мислења од засегнатите страни, општините, организациите и граѓаните.
Се повикуваат сите засегнати страни и заинтересирани граѓани да присуствуваат на настанот, каде што ќе биде презентирано на кој начин ќе функционира постројката за управување со отпад- претоварната станица и какво ќе биде нејзиното влијание врз околината.
ОПШТИНА БЕРОВО
Градоначалник
Петар Ружински
