Подрржувајжи ја идејата на АВРСМ, за имплементација на Програмата за ОКР (Општинско корисна работа), за ангажирање на невработени лица со лиценци за даватели на социјални услуги, која веќе долги години успешно се имплементира, Општина Берово, ги повикува сите евидентирани невработени лица во АВРСМ, кои поседуваат сертификат за давател на социјални услуги, да присуствуваат на информативната средба, која ќе се одржи на ден 11.7.2025 година (петок), во Салата за состаноци на Општина Берово, со почеток 12:00 часот.
На средбата претставници на општината, ќе дадат подетални информации за начинот на кој ќе можат да се вклучат во ОКР Програмата .
ОПШТИНА БЕРОВО
Градоначалник
ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ
