УЧЕСТВУВАЈ ВО ДОНЕСУВАЊЕ НА ОДЛУКИ
ПРОЕКТЕН ФОРУМ – Прва форумска сесија Берово, 11.11.2024 г.
Општина Берово ги поканува сите заинтересирани граѓани, преставници на ЗГ, претставници од приватниот сектор, образовни и други институции, да учествуваат на ПРОЕКТЕН ФОРУМ, кој се организира и спроведува од страна на Општина Берово, на ден 11.11.2024 год. (понеделник) во големата сала во општинската зграда, со почеток во 12.00 часот.
Форумот е алатка за учество на граѓаните во подготовка и избор на приоритетни проекти со цел зголемување на транспарентноста и учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво.
На форумските сесии присутните преку своето учество ќе имаат можност да се запознаат со реализацијата на општинскиот буџет за тековната 2024 година, да дискутираат и предлагаат проекти за планирање на буџетот за 2025 година.
Проектниот форум преку дебатирање ќе биде основа за креирање на конкретни предлог решенија и проекти за приоритетите и проблемите на граѓаните.
Општина Берово
Градоначалник
Звонко Пекевски