Поделени 100 хуманитарни пакети во Берово

Под мотото „Љубов секому, омраза никому“, организацијата Ахмедија муслимански џамаат, денеска, во Берово, додели 100 хуманитарни пакети.

Целта на оваа акција, е да се поттикне хуманоста и емпатијата во локалната заедница, но и да се помогне онаму каде што е потребно.

Голема благодарност за иницијативата за овој хуманитарен гест, со кој ќе се помогне на повеќе семејства, истакна Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски.

Организацијата  Ахмедија муслимански џамаат,  повеќе пати  помага на социјално ранливи категории на граѓани во Берово и е наш партнер во реализирањето на активности од областа на социјална заштита.

Горе