Многу весели и радосни детски лица, во детската градинка ,,23 Август” во Берово, денеска, го пречекаа градоначалникот Пекевски, кој во рамките не одбележување на недела на детето, денеска ги посети и им подели подароци.
Секое дете доби играчка и сликовница, кои општина Берово ги обезбеди во соработка со МТСП.
Низ пријатна атмосфера, исполнета со многу радост, со многу насмевки на лицата и безгрижен детски џагор, дечињата срдечно го поздравија градоначалникот и испеаа неколку песнички.
Децата имаат право и обврски, кои ни ги претставија низ неколку прекрасни интерпретации, кои ги подготвија заедно со своите воспитувачки.
Децата ни се најважни и ќе направиме се тие да бидат среќни. И во иднина, вложуваме во повеќе детски игралишта и повеќе содржини за децата- истакна Градоначалникот Пекевски, посакувајќи им на децата среќно и безгрижно детство и исполнување на сите нивни желби.
Секоја година, првата седмица од месец октомври им се посветува на децата, а целта е да се промовираат правата, кои детето треба да ги ужива во неговиот раст и развој, како и потребната заштита која треба да им биде обезбедена од страна на државата и инстутициите за овозможување среќно и безгрижно детство.