По повод светската недела на детето, Градоначалникот Пекевски ги посети децата во детската градинка ,,23 Август” , во Берово

По повод светската недела на детето, Градоначалникот Пекевски, денеска, ги посети децата во детската градинка  ,,23 Август” , во Берово.

Најубавото нешто што се случува во животот, е среќното детство.

Весели детски лица, од детската градинка ,,23 Август” во Берово, го пречекаа и со многу насмевки на лицата и безгрижен детски жагор,  покажаа што знаат и умеат, пееја песнички, рецитираа стихотворби и упатија  срдечни  поздрави, низ една пријатна атмосфера, исполнета со многу радост.

Децата се најбитната алка во синџирот на општеството и правиме сè, тие да бидат среќни.

Посакувајќи им на децата среќно и безгрижно детство и исполнување на сите нивни желби, тој им ја честита неделата на децата и им посакав секогаш да бидат среќни и весели.

Секоја година, првата седмица од месец октомври им се посветува на децата, а целта е да се промовираат правата, кои детето треба да ги ужива во неговиот раст и развој, како и потребната заштита која треба да му биде обезбедена од страна на државата и инстутициите,  за овозможување среќно и безгрижно детство.

„Човештвото им должи на децата сè најдобро што може да им се даде.“

Горе