Паркирај правилно! Во Берово спроведена превентивна акција за безбедност во сообраќајот

Денеска, во Берово беше спроведена превентивна акција, за учесниците во сообраќајот, ,,Паркирај правилно”, во организација на  ОВР ПС Берово, а во соработка со Општина Берово.

На учесниците во сообраќајот, им се делени флаери со пораки за безбедност во сообраќајот и од страна на униформирани полициски службеници, во соработка со службите при Општина Берово,  на сите возачи, им е укажано за последиците, кои можат да настанат како последица од неправилно паркирање и запирање .

Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Македонија” бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19, 302/20 и 122/21), член 63, став 1

Возачот, односно сопственикот на возилото, не смее да го запре или паркира возилото, на место на кое тоа би ја загрозувало безбедноста на другите учесници во сообраќајот или би претставувало пречка за нормално одвивање на сообраќајот или за движењето на пешаците и велосипедистите.

Исто така, неправилното паркирање, може да доведе и до сообраќајни незгоди а може да биде и сериозна пречка, за квалитетно чистење на улиците од снежни наноси.

 

АПЕЛ ОД ОВР БЕРОВО И ОПШТИНА БЕРОВО:

Паркирајте правилно!

БЕЗБЕДНОСТА ДА НИ БИДЕ НА ПРВО МЕСТО!

Горе