Oтворена едукативна граѓанска трибина на тема ,,Преддијабетес”

По повод Светскиот ден на дијабетесот, 14 ноември , во рамки на активностите за подигање на свеста кај луѓето за дијабетесот, во организација на Општина Берово, на ден 14.11.2024 година со почеток во 18:00 часот, во големата сала при општина Берово, ќе се одржи отворена едукативна граѓанска трибина на тема ,,Преддијабетес”.

На трибината ќе зборува д-р Јагода Шахпаска- специјалист по интерна медицина.

Во рамки на предвидената активност присутните ќе имаат можност бесплатно да им биде измерено нивото на шеќер во крвта.

Ве покануваме да бидете дел од оваа активност и да научите како да си го подобрите Вашето здравје.

Месец ноември се смета за месец посветен на подигање на свеста кај луѓето за дијабетесот, како хронично и прогресивно заболување.

Горе