Денеска, во ОСУ,,Ацо Русковски” во Берово, се одбележува патрониот празник и 70 години постоење средно образование во Берово.
Пред бистата на Ацо Русковски, во училишниот двор, цвеќе положија Делегација од општина Берово, Делегација од Општина Пехчево и Делегација од ОСУ,,Ацо Русковски”, предводена од Директорката, Душанка Паговска.
Во рамките на културно уметничката програма, присутните имаа можност да погледнат краток документарен филм, по повод 70 години постоење на училиштето.
По повод паттониот празник, училиштето организираше ликовен, литературен и конкурс за најдобро изработен дизајн од техничко кожарската струка, најдобро аранжирано и највкусно јадење од угостителско-туристичката стурка и најдобро изработен експонат од шумарско дрвопреработувачката струка, на кои наградени беа следниве ученици:
-прва награда на литературниот конкурс освои ученичката Јована Цикарска.
-прва награда на ликовниот конкурс освои ученичлката Мартина Терзиска.
-прва награда за најдобро изработен дизајн, од техничко –кожарската струка, освои ученичката Нона Белева.
-награда за најдобро аранжирано јадење, од угостителско-туристичката струка, освои ученичката Енида Алиевска, а за највкусно јадење ученичката Евгенија Пармачка.
-награда за најдобро изработен експонат, од шумарско дрво-преработувачката струка, освои ученикот Петар Пеловски.
Директорката Душанка Паговска, се обрати пред присутните, со осврт кон ликот и делото на патронот и додели благодарници за успешна соработка, на повеќе поединци и фирми а благодарница за успешна соработка и поддршка на училиштето, му е доделена и на Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски и на Советот на Општина Берово.
Свое обраќање, пред присутните имаа и најстариот пензиониран професор, Методи Распашковски и Ректорот на Штипскиот универзитет, Дејан Мираковски, професорот на Економскиот факултет, Борче Треновски и Тања Аждерска, која живее и работи во Словенија, како успешни ученици кој произлегуваат од ОСУ ,,Ацо Русковски”.
Културно уметничката програма беше заокружена со настап на КУД ,,Димитар Беровски” при Дом на културата Берово .
Ацо Русковски ќе остнае патоказ, на нашите млади генерации, да им служи за пример, за тоа како човекот несебично ја поврзува својата личност, со многубројните битки за грѓаните на нашата земја и за изградба на модерно општество. Горди сме, што сме негови потомци и што можеме да оживееме еден дел од неговиот животен пат.