Општина Берово во групата институции со највисока транспарентност

Општина Берово, годинава се најде на високото 14 место помеѓу институциите во државата, според индексот на активна трансапарентност, во групата институции со многу добра транспарентност и исполнување на обврските од 80 % до 100 %.
Транспарентноста изминатиот период е истражувана од страна на Здружение на граѓани Центар за граѓански комуникации, во редовното годишно рангирање на институциите, според Индексот на активна транспарентност, во март 2021 година, во кое се вклучени 98 институции, поточно Владата и сите министерства и општини.
Подобрувањето на активната транспарентност, го потврдува принципот на добро владеење и интегритет, одговорно трошење на јавните пари и уште еднаш докажува дека општината континуирано работи на унапредување на општинските услуги.
Горе