Општина Берово влегува во проект за подобрување на финансиската транспарентност

Денеска Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, потпиша Меморандум за соработка со „Фајненс тинк“ и ФИСКАСТ мрежата, со што наредните неколку години, ќе се работи на подобрување на финансиската транспарентност, преку подобра достапност за граѓаните на информациите за парафискалните давачки.
Проектот опфаќа изработка на регистар на парафискалните давачки и обуки за вработените, преку кој ќе се подигне финансиската транспарентост на општината.
Обуките ќе ги следат и вработени од ЈПКР,,Услуга”од Берово.
Како што истакна Градоначалникот Пекевски, целта е да се овозможи подобар пристап на општинските услуги за граѓаните и да се зголеми финансиската транспарентност.
Транспарентоста на јавните институции е нешто на кое постојано треба да се работи, а особено финансиската транспарентност – додаде тој.
Проектот ќе се спроведува во 21 општина.
Горе