Во периодот од 20 до 21 јуни, Општина Берово, заедно со партнерската општина Струмјани, од Република Бугарија, учествува на 10 тиот јубилеен европски форум на социјална и солидарна економија на Меѓународниот Саем во Пловдив.
На саемот учествуваат повеќе од 100 социјални претпријатија и задруги. Настанот се одржува од 20 до 23 јуни 2022 година, а истиот е организиран од Националниот сојуз на трудово-производствени задруги, Министерството за труд и социјална политика и Меѓународниот саем во Пловдив.
Традиционално, изложбата се одржува со голем интерес и од излагачите и од потрошувачите. За жителите на Пловдив и гостите на градот, тоа е очекуван и посакуван настан, бидејќи можат да купат висококвалитетна стока по поволни цени.
Форумот е формиран со својата мисија за поддршка на социјалните претпријатија и работничките производствени задруги, под мотото „Фер, соодветна и трансформирачка социјална економија“.
Неговото десетто јубилејно издание ја зачувува оваа традиција и ја надградува формата со уште побогата придружна програма. Предвидени се бројни научни и практични настани, посветени на целта за поддршка на субјектите од социјалната и солидарната економија, кои ќе вклучат експертски дискусии на министри, претставници на европските институции, научници и други експерти од областа на социјалната политика, корпоративната општествена одговорност и финансиските инструменти, за поддршка на социјалниот бизнис