Општина Берово, повторно во најтранспарентните општини во државата

Се наоѓа на високото 6 место, од сите 98 институции, (Владата, министерствата и општините), по исполнување на обврските за активна транспарентност, за 2023 година.
Ова го покажува Индексот на активна транспарентност, изработен од страна на Центарот за граѓански комуникации, во редовното годишно рангирање на институциите.
Според проактивното објавување на информациите од јавен карактер, во кое се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини, Берово, заедно со Делчево и Кочани го дели 1-вото место во Источно планскиот регион и 6-тото место во вкупното рангирање.
Активната транспарентност на Општина Берово, во 2023 година изнесува 97,1 % (од можни 100 %) со што општината се наоѓа во групата институции со многу добра активна транспарентност (исполнување на обврските од 80 % до 100 %).
Со тоа уште еднаш ја потврдуваме транспарентноста, како еден од основните принципи, на кој се темели локалната власт во Берово.
Горе