Фискалната транспарентност на локалните самоуправи се подобрува но потребна е поголема отвореност на општините кон граѓаните. Ова е првичната оценка на Центарот на економски анализи добиена од истражувањето за отчетноста и трошењето на јавните пари од страна на локалните власти. Истражувањето покажало дека две општини во земјава се максимално транспарентни, а тоа се Берово и Велес, кои го земаа приматот од Скопје и Прилеп.
Анализата е направена за фискалната 2020-2021 година, а според наодите Берово и Велес ги имаат освоено максималните 16 поени за транспарентност во трошењето на јавните финансии. Во однос на минатата година, двете општини имаат подобрување, односно Велес за еден а Берово за два поена.
Повеќе на линкот