Подобрена транспарентност Општина Берово доби нова веб страна

Започна да функционира новата ВЕБ страна на Општина Берово, што ќе ја зголеми транспарентноста и отчетноста на локалните власти во Берово и дополнително ќе обезбеди полесен пристап до услугите за граѓаните.

Согласно програмата за комуникации за 2020 година на Општина Берово,  новата веб страница, ги содржи сите потребни алатки, кои треба да ги имплементираат принципите на отвореност кон граѓаните, на брз и динамичен начин.

На новата ВЕБ страна, покрај основните инфомации за општината, администрацијата, финансиските документи, стратешките документи,  за прв пат е овозможена услугата прашај го градоначалникот и олеснет е пристапот до јавните набавки, како и поедноставено е пријавување на проблем.

Жителите на општина Берово преку новата веб-страна ќе можат,  да добијат повеќе информации за активностите на локалната самоуправа, или пак да пријават одредени проблеми.

Новата веб страна е доказ, дека општината секојдневно работи на унапредување на општинските услуги,   процесот на транспарентност и отчетност и подобрување на комуникацијата со граѓаните.

Горе