Со положување на свежо цвеќе, пред спомен плочата во училишниот двор, денеска во Берово, започна одбележувањето на патрониот празник во ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски”.
Цвеќе, положија делегација предводена од дирекоторката, делегација предводена од градоначалникот и делегација од училишната заедница.
На наградените ученици по распишаниот литературен конкурс, им беа доделени награди.
Прославата продолжи во бизнис инкубаторот, каде што имавме можност да бидеме дел од културно уметничката програма, која што ја организираа учениците, под менторство на своите наставници.
Пред присутните, ликот и делото на македонскиот војвода, Дедо Иљо Малешевски беа пренесени преку рециталите на учениците.
Во своето обраќање, директорката на училиштето, Наташа Аврамска, зборуваше за успесите на учениците и подобрувањето на условите за учење и истакна дека во училиштето денес учат вкупно 660 ученици.
Свое обраќање имаше и градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, кој меѓу другото, посочи за направените реконструкции во училиштето, по сите енергетско ефикасни стандарди, опремената сензорна соба, обновениот училишниот двор, изградениот спортски терен и континуираната поддршка од општинскиот Буџет за учениците. Честитајќи го патрониот празник, тој на вработените им поска и во иднина, да продолжат да даваат се од себе, во знак на успех и напредок на учениците и образовниот процес и секогаш заеднички да се гордееме на постигнатите успеси.
По завршувањето на културно-уметничката програма, на спортските терени се одиграа спортски натпревари.