Одржани состаноци во врска со определување на неколку улици во Општина Берово, како еднонасочни

Денеска Градоначалникот на Општина Берово, одржа состаноци во врска со донесената Одлука за давање на согласност на иницијатива за отпочнување на постапка  за промена на режимот на сообраќај, на ул. “Цветан Димов”, дел од ул. “Маршал Тито”, ул. “Белградска”, дел од ул. “Карпош” и дел од ул. “23 Август” во Берово, односно определување на истите како еднонасочни улици.

Имавме  можност, заедно со граѓаните , да видиме што тие мислат , за ново предвидениот режим на сообраќај, да ги слушнеме нивните мислења, сугестии и предлози, , се со цел да овозможиме подобар проток, односно сообраќај во централното градско подрачје,  особено во леттниот период, кога и реално е зголемен бројот на учесници во сообраќајот.

Врз основа на почната постапка преку Општина Берово и повеќе времено следење на сосотојбата,  на фреквенција на сообраќајот во централното градско подрачје и утврдените аномалии, пропусти, слабости, тесни грла, Општина Берово, отпочна постапка за избор на економски оператор кој ќе изврши изработка на соодветна проектна документација, за нови сообраќајни решенија.

За таа цел, Советот на општина Берово,  донесе одлука, односно ја прифати иницијативата за отпочнување на промена на режимот на сообраќај, на неколку улици во градот, каде што фреквенцијата е поголема.

Прифатените иницијативи од граѓаните, Општина Берово , ќе  ги евидентира и во соработка со надлежното одделение, кое ја покрива областа на сообраќајот, ќе видиме дали можеме да извршиме измена на предложениот режим.

Исто така , се одржа и втора средба со граѓани на улицата 23 Август во Ромското маало, која се однесувана едонасочен режим на сообраќајот.

Постапката во следниот период,  ќе се продолжи, со постојана координација со жителите, по што ќе се изнајде соодветно сообраќајно решение, на задоволство на жителите, а кое ќе биде прифатливо и ќе обезбеди намалување на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје и зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Горе