Во рамките на проектот на УСАИД ,,Зајакнување на капацитетите и ресурсите во општините, за изработка на стратегии/планови за локален економски развој” и активностите на Општина Берово, за поттикнување на локалниот економски развој, вчера, во просториите на Општина Берово беше одржана средба со бизнис заедницата.
Средбата со бизнис заедницата во Општина Берово е поттикната од креирањето на новиот стратешки документ, кој ќе важи за следните четири години. Организирана е со цел, формирање партнерство помеѓу општината и бизнис заедницата и да се добие мислење од бизнис заедницата, како и во кој правец, треба општината да се движи.
Задоволен сум што имаме можност да ги слушнеме барањата и потребите на бизнис заедницата, но и да видиме кои се плановите за во иднина. Тоа е прва средна, во текот на следната година ќе имаме можности да ги развиеме стратешките цели, но и проектите кои треба да бидат предложени за локалниот економски развој. Со помош на УСАИД, вклучени сме во проект ,,Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите”, во кој една од активностите е токму изработка на стратешкиот план за развој на Берово, – истакна Ѓорѓи Пеовски, раководител на Одделенеието за локален економски развој во Општина Берово.
Како најголеми потреби, бизнис заедницата ги истакна : поддршката на бизнис секоторот за изградба на соодветна инфраструктура, изградба на индустриска зона, изнаоѓање на сообраќајно решение за обезбедување на соодветни паркинг места во централно градско подрачје, подобрување на фасадите на главната улица, вклучување на институции од централно ниво, изнаоѓање на решение на проблемот со обезбедување на доволно суровина за дрвнопреработувачките капацитети, стратегија за еко зелена општина, вклучување на младите на пазарот на труд и други.
Во следниот период, ќе се воспостави партнерство помеѓу јавните институции и приватниот сектор и ќе се организираат средби за дефинирање на стратешките цели и проектите кои ќе бидат реализирани преку стратегијата за локален економски развој.