Во рамките на процесот за изработка на Планот за одржлива клима и енергија, на Општина Берово, денеска во Берово се одржува консултативна работилница за приоритетните сектори и мерки за адаптација и ублажување на климатските проемени.
Градоначалникот Пекевски ги поздрави присутните и им посака добредојде во Берово, посакувајќи успешна работилница и изразувајќи благодарност до ГИЗ за вклученоста на Берово во овој процес, заедно со Куманово и Скопје.
Во рамките на целиот процес, се врши анализа на ранливоста од аспект на климатски промени, можните сценарија на подолг период и мерките за заштита.
Стручни експерти, професори, вршат презентација на резултатите од процената на климатските ризици и ранливоста на Општина Берово, за секторите водни ресурси, шумарство, земјоделие, здравство и економски развој.
Тоа му претходи на процесот на изработна на стратегијата, на што работи експертски тим и е во рамки на мегународната методологија, поддржано од Европската унија и ГТЗ.
Присутните ефективно се вклучија во дискусиите, со свои издржани предлози, споделувајќи информации и искуства, кои во иднина ќе бидат разработени во планот. Дел од мерките и предлозите се насочени кон подигање на јавната свест за чување на животната средина и одржливо користење на природните ресурси со кои располага општината.
Откако граѓаните ќе го истакнат своето мислење на приоритети, во следниот период ќе се финализира Акциски план за климатски промени и енергија на Општина Берово.